ИСКРА ВЕТЕРОВА ЈА ПРИМИ НАГРАДАТА АКТЕР НА ГОДИНАТА НА „ДНЕВНИК“ за 2013

Од сво­јот прв број „Днев­ник“ е на стра­на­та на кул­ту­ра­та, сил­но ја под­др­жу­ва заш­то сме­та де­ка таа мо­же нај­мно­гу да ја афир­ми­ра на­ша­та зем­ја во све­тот. Од пред че­ти­ри го­ди­ни ја вос­та­но­ви наг­ра­да­та „Ак­тер на го­ди­на­та“ за да да­де до­пол­ни­те­лен мо­тив за раз­вој на те­а­тар­ска­та умет­ност - ре­че ак­те­рот Игор Ан­ге­лов на све­че­нос­та по по­вод до­де­лу­ва­ње­то на наг­ра­да­та „Ак­тер на го­ди­на­та“, што ја до­де­лу­ва „Днев­ник“. Ак­тер­ка­та Ис­кра Ве­те­ро­ва вечерва ја при­ми наг­ра­да­та и ста­на чет­вр­ти до­бит­ник на ак­тер­ско­то приз­на­ние што го до­де­лу­ва „Днев­ник“ од 2011 го­ди­на.

Уред­нич­ка­та на кул­тур­на­та руб­ри­ка Лил­ја­на Гр­џо Да­мов­ска го про­чи­та об­раз­ло­же­ни­е­то за наг­ра­да­та. Ве­те­ро­ва до­би ста­ту­ет­ка што ја из­ра­бо­ти скул­пто­рот Са­шо Саз­дов­ски, а прет­став­нич­ка­та од „Ти­некс“ и' го вра­чи па­рич­ни­от дел од наг­ра­да­та.

- Ак­тер­ка­та Ис­кра Ве­те­ро­ва во ли­кот на Сте­ла Бен­ве­нис­та вле­гу­ва со це­ла­та ду­ша и те­ло. Сце­на­та ја ос­во­ју­ва со сил­ни емо­ции, а ду­хот на ста­ри­ца­та Сте­ла Бен­ве­нис­та го ожи­вот­во­ру­ва со бес­пре­кор­на ак­тер­ска пос­ве­те­ност. Таа е ду­хов­на­та вер­ти­ка­ла око­лу ко­ја ро­ти­ра дејс­тво­то во нај­ком­плек­сна­та прет­ста­ва пос­та­ве­на на те­а­тар­ска­та сце­на во Ма­ке­до­ни­ја. Ак­тер­ска­та из­вед­ба на Ис­кра Ве­те­ро­ва е емо­тив­на и ис­тов­ре­ме­но мно­гу неж­на. Дви­же­ња­та се спо­кој­ни, но со цврс­та гес­ти­ку­ла­ци­ја. Збо­ро­ви­те се тив­ки и пол­ни со бол­ка, но и со не­из­мер­на љу­бов. Во се­бе ги но­си стра­да­ња­та на ми­ли­о­ни ма­че­ни­ци, но и ед­на од нај­воз­ви­ше­ни­те од­ли­ки на чо­ве­ко­во­то би­тие – спо­соб­нос­та да прос­ту­ва - стои во об­раз­ло­же­ни­е­то.

За нас

“Медиа Принт Македонија“ (МПМ) е водечка медиумска компанија на македонскиот пазар конципирана согласно највисоките деловни и новинарски стандарди.


Гарантирањето на слободата на печатот, независноста на редакциите и новинарите и почитувањето на етичките вредности се основни начела na компанијата.


повеќе