Историјат

“Медиа Принт Македонија“ (МПМ) на македонскиот медиумски пазар е присутна од 2004 година. Таа е основана по влезот на реномираната германска медиумска групација ВАЦ (WAZ – Westdeutsche Allgemeine Zeitung) со седиште во Есен, Германија на македонскиот пазар како мнозински содружник во издавачките куќи Круг, Мост и Огледало.

Како сопственик на уделите во издавачките куќи Круг (100%), Мост (100%) и Огледало (75%) се појавува Ост Холдинг од Виена, ќерка фирма на ВАЦ.

Со цел подигнување на новинарските стандарди на повисоко ниво, “Медиа Принт Македонија“ како услужна компанија е конципирана согласно „Медиа Принт“-моделот на медиумската групација ВАЦ, кој предвидува обединување на бизнис активностите на трите редакции за дистрибуција, продажба на реклами, маркетинг и сите останати општи активности на издавачките куќи.

Портфолиото на услуги на “Медиа Принт Македонија“ во 2004 година се збогати за услугата печатење преку стекнувањето на мнозински удел во печатницата Графички центар Скопје. Во 2005 година Ост Холдинг стана единствен сопственик на Графички центар Скопје со 100% удел во друштвото.

Кон семејството на МПМ во јуни 2006 година се приклучи и издавачката куќа Планет Прес, која го издава најтиражниот неделник ТЕА Модерна. Ост Холдинг во издавачката куќа Планет прес стекна сопственост од 100%. ТЕА Модерна до ноември 2011 година беше дистрибуирана како прилог во дневните весници „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“. На 23. ноември 2011 ТЕА Модерна на пазарот се појави самостојно и со нов лик поддржана од страна на хрватскиот магазин „Глориа“.

Од почетокот на 2012 година “Медиа Принт Македонија“ стана дел од корпорацијата Орка Холдинг. До крајот на 2012 година сопственичката структура се измени со што денес Медиа Принт Македонија е во сопственост на три субјекта: корпорацијата Орка Холдинг, Интернет Груп Инвестмент како и Мирекс Плус.

За нас

“Медиа Принт Македонија“ (МПМ) е водечка медиумска компанија на македонскиот пазар конципирана согласно највисоките деловни и новинарски стандарди.


Гарантирањето на слободата на печатот, независноста на редакциите и новинарите и почитувањето на етичките вредности се основни начела na компанијата.


повеќе