ОБРАЌАЊЕ НА ИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР

Почитувани,

Помина една успешна година за Медиа Принт Македонија. Успешно ги остваривме поставените цели и планови и додадовме нови вредности на нашата компанија.

Најголемото инвестирање беше во дигитализацијата. Го отворивме 24-часовниот портал “Телеграф.мк“ кој работи по најдобрите стандарди во Македонија – голема професионална новинарска екипа, одлични услови за работа и сериозна посветеност која резултираше со успех после само неколку месеци работење. Денес „Телеграф.мк“ е меѓу првите три портали во Македонија.

Дигитализацијата и мултимедијалноста продолжија со новите веб изданија на нашите дневни весници „Дневник“ и „Вест“, а набрзо ќе го видиме и новото веб издание на „Утрински весник“. Дополнително, мобилни апликации добија „Телеграф.мк“, „Дневник“ и „Вест“, оваа година ќе ја видиме и мобилната апликација на „Утрински весник“.

Секако дека тука нема да застанаме, пред нас се уште неколку дигитални проекти со кои ќе ја збогатиме нашата понуда. Направивме анализи и истражувања и ќе ги исполниме потребите на дигиталниот медиумски пазар во Македонија.

Печатените медиуми на Медиа Принт Македонија сепак се наша дејност која ќе остане примарна и во оваа 2014 година. Нашата медиумска куќа е горд сопственик на најголем број печатени медиуми во Македонија. Содржински, изданијата на „Утрински весник“, „Дневник“, „Вест“, „Македонски спорт“, семејниот магазин „Теа Модерна“, како и на нашите новитети од минатата година: двонеделното списание за автомобилизам „ГТА“ и специјализираното списание за спорт „Спор бокс“, се во рацете на докажани главни и одговорни уредници кои заедно со своите тимови на извондредни новинари, фоторепортери и техничари работат независно од менаџментот, согласно највисоките новинарски стандарди и принципи. Доказ за тоа е изминатата година која помина со одлични тиражи, особено имајќи ја во предвид ерата на дигатализација.

Нашите печатени изданија минатата година понудија повеќе од 40 дополнителни прилози, би рекла дополнителна вредност на весниците, препознаена од нашите читатели и секако за нас многу важно, препознаена и од нашите огласувачи. Маркетинг секторот на Медиа Принт Македонија, имаше голема улога во одлично завршената финансиска година!

Дополнително, нашето работење го збогативме и со нова гранка – малопродажба. Ја отворивме првата специјализирана продавница за печатени изданија „МПМ Прес“. Во 2014 година ќе работиме на тоа  „МПМ Прес“ да добие ланец на продавници низ републиката.

Нови предизвици се пред нас во оваа 2014 година. Нови понуди, дигитални и секако печатени. Подобра дистрибутивна мрежа, подобрен квалитет на печатење и подобри финансиски резултати. Медиа Принт Македонија секогаш гледа само напред и поставува пред себе цели кои се промислени, искалкулирани, цели кои носат не само добри туку одлични резултати, бидејќи тоа е нашто мото – да бидеме најдобри – да понудиме најдобри содржини, најиновативни – да понудиме нови производи согласно потребите на пазарот, да бидеме секогаш секогаш во првите редови.

Ви посакувам успешна година.

Јана Станисављева

Извршен директор

Медиа Принт Македонија

За нас

“Медиа Принт Македонија“ (МПМ) е водечка медиумска компанија на македонскиот пазар конципирана согласно највисоките деловни и новинарски стандарди.


Гарантирањето на слободата на печатот, независноста на редакциите и новинарите и почитувањето на етичките вредности се основни начела na компанијата.


повеќе