Промоција на монографија за македонија „Македонија. Миленимски културно-историски факти"

На 11 декември 2013 година, во „Музејот на македонската борба“ во Скопје, во издание на „Медиа Принт Македонија“ и Универзитетот „Евро Балкан“ беше промовиран четири-томниот колосален труд „МАКЕДОНИЈА. Милениумски културно-историски факти“.

Поаѓајќи од потребата за создавање на едно содржински сеопфатно, методолошки студиозно и академски репрезентативно монографско издание за историјата на цивилизациите на македонското поднебје, тимот автори на ова монументално дело креираше збирка од 28 тематски поглавја, фундирана врз строгите критериуми на научната доследност и професионалниот рационализам.

За реализација на монографското дело, беа вклучени 26 угледни истражувачи - врвни познавачи на македонската историја и нејзиното културно наследство.  Нивните научни трудови од сферите на: историјата, археологијата, историјата на уметноста, архитектурата и книжевноста, се структурирани во четири одделни дела, поткрепени со хронолошки пристап на четирите глобални историски епохи: праисториската, античката, средновековната и нововековната.

Повеќегодишниот научно - истражувачки проект за реализација на репрезентативна монографија за Македонија, за нејзината историја и култура, резултираше со овие четири тома во кои се анализирани и експлицирани сите аспекти на цивилизацискиот развој на нашето поднебје, од митскиот културен резонат на праисториската доба до политичка реалност на современата македонска држава – изјавуваат од редакцијата.

Г. Јордан Камчев, покровител на изданието изјави „ова издание, кое е во центарот на нашето внимание, својата вредност ја има во значењето кое го носи за генерациите кои доаѓаат. Верувам дека ќе остане како симбол на едно време, сведок на нашето постоење и вреден артефакт во поновата историја.“

Она што  го оставаме зад нас, во облик на пишан труд како што е монографијата Македонија ќе ја избегне човечката судбина на минливост и заборав. Тоа е чест на нашите предци и подарок за нашите поколенија.

Kомпаниите Орка Холдинг, Медиа Принт Македонија, Графички центар Скопје и Фондација Илија Камчев ја овозможија реализацијата на „МАКЕДОНИЈА. Милениумски културно-историски факти“.

За нас

“Медиа Принт Македонија“ (МПМ) е водечка медиумска компанија на македонскиот пазар конципирана согласно највисоките деловни и новинарски стандарди.


Гарантирањето на слободата на печатот, независноста на редакциите и новинарите и почитувањето на етичките вредности се основни начела na компанијата.


повеќе