МПМ: ГО ОСУДУВАМЕ ВАРВАРСКИОТ АКТ ВРЗ НЕДЕЛНИКОТ "ШАРЛИ ЕБДО"

„Медиа Принт Македонија“ како водечка медиумска компанија на македонскиот пазар изразува жалење и силно го осудува варварскиот акт во кој се убиени новинари од францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“.

Во овие тажни моменти изразуваме сочувство кон семејствата на жртвите и се солидаризираме со целиот француски народ.

Бруталниот напад врз „Шарли ебдо“ е суров потсетник дека државите треба да бидат обединети во заложбата да се почитува слободата на изразување како основно право загарантирано со Универзалната повелба за човекови права.

„Медиа Принт Македонија“, заедно со своите изданија и новинарски редакции, верува дека атакот врз демократијата и слободата на информирање треба да предизвика загриженост кај оние што им даваат поддршка на овие значајни вредности секаде во светот. 

За нас

“Медиа Принт Македонија“ (МПМ) е водечка медиумска компанија на македонскиот пазар конципирана согласно највисоките деловни и новинарски стандарди.


Гарантирањето на слободата на печатот, независноста на редакциите и новинарите и почитувањето на етичките вредности се основни начела na компанијата.


повеќе