Обраќање д-р Срѓан Керим

Медиа Принт Македонија постои веќе 10 години. Основана е од страна на една од најреномираните европски медиумски куќи WAZ од Есен – Германија. Во изминатава декада израсна во најголемата медиумска куќа во Македонија и една од најголемите на Балканот. И покрај песимистичките сценарија во врска со перспективите на печатените медиуми во светски размери во ера на се поголема доминација на електронските медиуми, примерот на МПМ го докажува спротивното. Како според финансиските резултати така и според развојот на брендовите, компанијата покажува исклучителна стабилност и континуирано профитабилно работење, односно континуиран раст и развој. Тајната на овој успех се должи на оптималното користење на синергии меѓу самите конститутивни елементи на компанијата, како и на ниво на целата компанија. Имено, нејзиното портфолио го сочинуваат дневни весници, списанија, како и сопствена печатница и дистрибуција. Во меѓувреме одејќи во чекор со времето и следејќи ја развојната логика на медиумската бранша се вклучија и веб портали и други електронски изданија.

Уште од времето кога беше членка на медиумската групација WAZ, МПМ воведе највисоки стандарди во однос на професионалната етика, редакциското работење, како и социјалните стандарди што се практикуваат на ниво на Европската Унија. Во тој контекст МПМ е потписник на Повелба за гарантирање на слободата на печатот, независноста на редакциите и почитување на етичките начела на ОБСЕ.

Новите содружници на МПМ, кои компанијата ја преземаа во 2012 консеквентно ја следат стратегијата врз која се темели Медиа Принт од нејзиното основање. Тоа подразбира усовршување на постоечките брендови, развој на нови брендови како во доменот на печатените, така и во доменот на електронските медиуми, користејќи ги компаративните предности кои ги овозможува примената на синергии во работењето. Тоа е најдобриот начин да се осигура континуираната водечка позиција на компанијата во Република Македонија.

За нас

“Медиа Принт Македонија“ (МПМ) е водечка медиумска компанија на македонскиот пазар конципирана согласно највисоките деловни и новинарски стандарди.


Гарантирањето на слободата на печатот, независноста на редакциите и новинарите и почитувањето на етичките вредности се основни начела na компанијата.


повеќе