печатарски услуги

Графички центар Скопје 
www.gcs.mk

Во палетата на услуги на МПМ се вбројуваат и печатарските услуги на печатницата Графички Центар Скопје, која е дел од медиумската групација на “Медиа Принт Македонија“. 

Графички Центар Скопје е лидер на македонскиот печатарски пазар. Тука се печатат дневни весници на МПМ „“Дневник““, „Утрински весник“ и „Вест“, магазинот „ТЕА Модерна“, прилозите „24 часа Здравје“, „Огласник 24“, „Авто експрес“, „Фикс“, „Антена +“, „ТВ Екстра“ и „ТЕА крстозбор“, надворешните дневни весници „Вечер“, „Нова Мекедонија“, „Капитал“, „Македонски спорт“, „Журнал“, „Коха“, неделниците „Капитал“, како и голем број висококвалитетни каталози, брошури, флаери, постери, билтани и други печатени материјали.

За нас

“Медиа Принт Македонија“ (МПМ) е водечка медиумска компанија на македонскиот пазар конципирана согласно највисоките деловни и новинарски стандарди.


Гарантирањето на слободата на печатот, независноста на редакциите и новинарите и почитувањето на етичките вредности се основни начела na компанијата.


повеќе