Поетски слем со Телеграф

Со забавни, остри, меланхолични, афоризмични стихови настапија деветтемина млади поети што учествуваа на првиот Поетски слем што „Телеграф“ го организира синоќа во Куршумли ан, во рамките на Скопската недела на дизајнот.

Со долги аплаузи и овации публиката ги награди креативните настапи на Виктор Јакимовски, Елена Пренџова, Исток Улчар, Афродита Николова, Ѓоко Здравески, Снежана Стојчевска, Митко Гогов, Ана Голејшка и Мартин Богатиновски.

Публиката можеше да чуе стихови со кои поетите критикуваа лажни вредности и популизам во нашето модерно општество, како и стихови во кои се отсликува секојдневието на единката во современиот хаотичен свет.

Сето тоа беше придружено и со гласовни игри и ритми што ја доближија поезијата до поетските сладокусци.

  • Enter description...

    Enter title...

    Enter description...

  • Enter description...

    Enter title...

    Enter description...

  • Enter description...

    Enter title...

    Enter description...

  • Enter description...

    Enter title...

    Enter description...

За нас

“Медиа Принт Македонија“ (МПМ) е водечка медиумска компанија на македонскиот пазар конципирана согласно највисоките деловни и новинарски стандарди.


Гарантирањето на слободата на печатот, независноста на редакциите и новинарите и почитувањето на етичките вредности се основни начела na компанијата.


повеќе