ПО 16. ПАТ ДОДЕЛЕНА НАГРАДАТА „РОМАН НА ГОДИНАТА“ НА „УТРИНСКИ ВЕСНИК“

Наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“ за 2014 година, која му припадна на романот „Балканвавилонци“ на неговиот автор, писателот, академик Луан Старова, вечерва му беше врачена на пригодната свеченост што се одржа во „Сити хол“. Издавач на „Балканвавилонци“ е Македонската академија на науките и уметностите.

За наградата која се додели по 16. пат, конкурираа 32 романи напишани на македонски јазик, од кои во најтесен избор беа и романите: „Куфер за тројца“ на Живко Грозданоски, „Вишнова хроника“ на Фросина Пармаковска, изданија на „Или-или“, како и „Гаргара“ на Игор Станојоски во издание на „Панили“. 

Образложението за книжевната награда која привлекува големо внимание во јавноста го прочита претседателот на годинешната жири-комисија, писателот Владимир Плавевски, фрагменти од наградениот роман интерпретираше актерот Роберт Вељановски, а пред многубројните гости се обрати и претседателот на Управниот одбор на Медиа принт Македонија, д-р Срѓан Керим.

За нас

“Медиа Принт Македонија“ (МПМ) е водечка медиумска компанија на македонскиот пазар конципирана согласно највисоките деловни и новинарски стандарди.


Гарантирањето на слободата на печатот, независноста на редакциите и новинарите и почитувањето на етичките вредности се основни начела na компанијата.


повеќе