РОМАН НА ГОДИНАТА: Врачена наградата на писателот Петар Андоновски

Академик Луан Старова во функција на претседател на жири-комисијата што одлучуваше за наградата образложи дека во конкуренција од 39 дела романот на Андоновски бил одбран за најдобарМладиот писател Петар Андоновски вчеравечер во Даут-пашиниот амам ја прими наградата „Роман на годината“, што традиционално ја доделува „Утрински весник“.

Тој беше награден за неговиот втор роман „Тело во кое треба да се живее“.
Академик Луан Старова во функција на претседател на жири-комисијата што одлучуваше за наградата образложи дека во конкуренција од 39 дела романот на Андоновски бил одбран за најдобар.

Тој потсети и на првиот роман на писателот „Очи со боја на чевли“, кој влезе во најтесниот избор за истата награда во 2013 година.
Според жирито: „Јасно посведочува дека станува збор за автор кој суверено настапува на македонската книжевна сцена“.Претседателот на Управниот одбор на „Медија Принт Македонија“, д-р Срѓан Керим, рече дека Андоновски има сопствена патека и бразда во македонското литературно творештво, препознатлива по исклучително вешто вткаените психолошки и филозофски елементи при раскажувањето.

Извршниот директор на „Медија Принт Македонија“, Јана Станисављева, на лауреатот му подари статуетка, дело на скулпторот Сашо Саздовски, а главниот и одговорен уредник на „Утрински весник“, Соња Маџоска, му врачи плакета. 

Претставникот на спонзорот „Еуролинк осигурување“, Ирена Поповска-Крпач, на Петар Андоновски му ја врачи наградата во паричен износ од 150.000 денари.

За нас

“Медиа Принт Македонија“ (МПМ) е водечка медиумска компанија на македонскиот пазар конципирана согласно највисоките деловни и новинарски стандарди.


Гарантирањето на слободата на печатот, независноста на редакциите и новинарите и почитувањето на етичките вредности се основни начела na компанијата.


повеќе