„СПОРТ БОКС“ ПОСВЕТЕН НА МУНДИЛАЈОТ ВО БРАЗИЛ 

Од денес во продажба се наоѓа новото издание на специјалното списание за спорт, „Спорт бокс“. Новиот број на „Спорт бокс“ е комплетно посветен на мундијалот во Бразил и е магазин во кој ќе може да ги најдете сите потребни информации за Светското првенство, вклучувајќи и подарок Водич за СП 2014, а сето тоа со поддршка и партнерство на нашиот реномиран бренд БИМИЛК.

На 134 страници „златното издание“ на „Спорт Бокс“ претставува своевиден водич за највредниот планетарен спортски собир. Ова издание на „Спорт бокс“ е безвременско со оглед на тоа дека може да го купите денес, а да го користите секогаш кога ќе ви бидат потребни информации за мундијалите.
Познатиот македонски интернационалец, Ѓорѓи Христов, кој е промотор на овој број на „Спорт бокс“ на промоцијата во Капитол мол нагласи дека квалитетот на магазинот е досега невиден на овие простори.

„Долги години настапував во Западна Европа каде го следев и спортскиот печат. Не се сеќавам дека и таму сум видел списание со сличен квалитет како „Спорт бокс“ – рече Христов на промоцијата.

Заедно со магазинот „Спорт Бокс“ во најновиот број следува нов поклон. Станува збор за книгата „Опсесија за совршенството“, во која Кристијано Роналдо, најдобриот фудбалер според ФИФА за минатата година го кажува својот пат до успехот.

Дополнително, од утре, се секој купен број на „Спорт бокс“, „Македонски спорт“ и „Вест“ и со доплата од 299 денари, може да се купи маица посветена на фудбаските тимови Германија, Англија, Бразил, Италија, Аргентина, Холандија, Хрватска и Шпанија. Маиците можат да се најдат на сите продажни места на Медиа Принт Македонија.  


За нас

“Медиа Принт Македонија“ (МПМ) е водечка медиумска компанија на македонскиот пазар конципирана согласно највисоките деловни и новинарски стандарди.


Гарантирањето на слободата на печатот, независноста на редакциите и новинарите и почитувањето на етичките вредности се основни начела na компанијата.


повеќе