За нас

"Медиа Принт Македонија" (ММП) е водечка медиумска компанија на македонскиот пазар конципирана согласно највисоките деловни и новинарски стандарди.

"ТEA Модерна" е најтиражниот неделник во Македонија. На своите читатели им нуди теми од културниот и општествениот живот, модата, светот на шоу бизнисот, животот на познатите личности, атрактивни дестинации за патување и многу други интересни содржини.

Преку изборот на различни теми "ТЕА Модерна" привлекува широк дијапазон на читателска публика.

ТЕА Модерна е основана во 2000 година од страна на Миле Јовановски. Се дистрибуира секоја среда во колор издание и тираж од 10.000 примероци на територијата на цела Македонија.

Главен и одговорен уредник нa "ТEA Модерна" е Лилјана Грџо Дамовска.

Галерија од редакцијата на "ТЕА МОДЕРНА"