За нас

"Медиа Принт Македонија" (ММП) е водечка медиумска компанија на македонскиот пазар конципирана согласно највисоките деловни и новинарски стандарди.

TEA kids е наменет за модерните родители кои за прв пат ќе се соочат со бременоста и породувањето, но и за оние кои веќе го поминале ова животно искуство, а сакаат да знаат повеќе. Зашто родителството е комплицирана категорија, која секогаш отвора нови прашања за развојот на детето - физички, ментален и емоционален.

TEA kids има за цел да стане верен сојузник на секој кој одгледува дете, преку информациите и одговорите што ќе ги понуди. Не само за да му ја олесни оваа исклучително одговорна обврска, туку и да го подучи како таа најдобро да се изврши во интерес на детето. 

Магазинот ќе излегува квартално, во тираж од 10.000 примероци и ќе се печати на висококвалитетна хартија на 100 страници.