Визија и мисија

Визија

Нашата визија е да бидеме најдобра медиумска компанија на севкупниот македонски медиумски пазар, која ќе биде стандард и мерило за квалитетот и професионалноста во сите сегменти од нашето работење – да бидеме прв избор за нашите читатели, посакуван работодавец за нашите вработени, доверлив партнер на деловните субјекти и компанија со високо развиена социјална одговорност.
Во таа смисла компанијата континуирано работи на развој на онлајн сегментот од своето работење.

Мисија

Нашата мисија е да дадеме свој придонес во унапредување на демократијата и подобрување на квалитетот на општествените процеси преку креирање и дистрибуирање на квалитетни вести, информации и забавни содржини.

Вредности

Нашиот успех се темели на добро поставениот систем на вредности, кој опфаќа:

  • Обезбедување на одржлив развој и долгорочна финансиска стабилност преку инвестиции во стратешките бизнис сегменти на компанијата
  • Подигнување на новинарските стандарди на повисоко ниво преку креирање на содржини со висок квалитет и интегритет, кои придонесуваат во градењето на репутацијата на компанијата и остварување на очекувањата на клиентите
  • Фер третман кон вработените базиран на взаемна почит, одговорност и почитување на највисоките деловни стандарди
  • Тимска работа, која е клучна за навремено, ефективно и ефикасно завршување на посавените цели и задачи

За нас

“Медиа Принт Македонија“ (МПМ) е водечка медиумска компанија на македонскиот пазар конципирана согласно највисоките деловни и новинарски стандарди.


Гарантирањето на слободата на печатот, независноста на редакциите и новинарите и почитувањето на етичките вредности се основни начела na компанијата.


повеќе