Профил на компанијата

“Медиа Принт Македонија“ (МПМ) е водечка медиумска компанија на македонскиот пазар конципирана согласно највисоките деловни и новинарски стандарди. Гарантирањето на слободата на печатот, независноста на редакциите и новинарите и почитувањето на етичките вредности се основни начела na компанијата.

“Медиа Принт Македонија“ на читателите на дневни весници им ги нуди содржините на најтиражните весници во Македонија – „Дневник“, „Утрински весник“, „Вест“ и „Македонски спорт“, магазинот „ТЕА Модерна“ и двонеделното специјализирано списание за автомобилизам „ГТА“. Дополнителни тематски содржини читателите може да најдат во прилозите „24 часа Здравје“, „Огласник 24“, „Антена +“, „ТВ Екстра“ и „ТЕА крстозбор“.

На читателите содржините на брендовите на МПМ им се достапни преку нивните печатени и електронски изданија. Дополнително, Медиа Принт Македонија на своите интерент корисници им го нуди и единствениот 24 часовен информативен портал „Телеграф МК“.

Како услужна компанија МПМ на своите брендови им обезбедува услуги за печатење и дистрибуција на печатените изданија, хостирање на електронските изданија, продажба на рекламен простор, маркетинг, финансии и менаџмент.

За нас

“Медиа Принт Македонија“ (МПМ) е водечка медиумска компанија на македонскиот пазар конципирана согласно највисоките деловни и новинарски стандарди.


Гарантирањето на слободата на печатот, независноста на редакциите и новинарите и почитувањето на етичките вредности се основни начела na компанијата.


повеќе